Monday, May 09, 2005

СПЕЦИЈАЛНАТА ВОЈНА И БАРТ СИМПСОН

Треба да се размислува за гледаноста и за престижот и така се третира и војната - како шоу-бизнис. Конкуренцијата е потелевизична од заедништвото бидејки е во врска со театралноста на победата, со желбата за доминација и со трагичниот патос на загубата
.
Во 1991, за време на воената акција на алијансата во Ирак, ирачката државна пропагандна радио-станица “Багдад Бети” емитуваше емисии на англиски јазик со кои им се советуваше на американските трупи “да си се вратат дома” затоа што “Барт Симсон спие со нивните жени додека тие се далеку од дома”. Според уводникот во уредничката страна на Њујорк Тајмс од наведениот период, “радиото на совеста” требало да ги натера војниците да почнат да размислуваат за дезертирање и враќање дома.
Во американските медиуми веднаш почна медиумската морална цензура околу пропагандата за активностите на Барт, менувајќи го со неговиот татко Хомер, затоа што “Барт имал само 8 години”.
Војната е потелевизична од мирот. Војната е преполна со моменти на висока пренапрегнатост, таа содржи акција, решителност, силни чувства и страв. Мирот е безличен и неодреден. Чувствата поврзани со мирот се морални, лични и внатрешни и тие чувства многу потешко се претставуваат телевизиски. Значи, со еден збор - насилството е потелевизично од ненасилството.
Но сепак, едноставно не ми се верува дека ТВ компаниите дозволуваат да бидат заведени од овие принципи. Но, ете: На телевизија површноста многу поедноставно се прикажува од длабочината. Настанот е многу поподатлив од процесите. За да се објаснат процесите во Република Македонија, како што се градење на мултиетничкото општество, релаксирањето на меѓуетничките односи во едно прилично сложено опкружување и така натака , новинарите и нивните гледачи треба да ги активираат процесите за размислување и расудување.
Но навистина, зошто да се размислува за тоа. Треба да се размислува за гледаноста и за престижот и така се третира и војната - како шоу-бизнис. Конкуренцијата е потелевизична од заедништвото бидејки е во врска со театралноста на победата, со желбата за доминација и со трагичниот патос на загубата. Зовриената страст има поголем ефект од разумниот пристап и смиреност. Зависта е подраматична од толерантноста. Ако има гнев - уште подобро.
Во таков случај нема време за објаснување на процеси. Ви треба настан, емоции, гнев, извлечени изјави од контекст за да се нагласи сето тоа. Луѓето се сведуваат на бројки.
Телевизиите не препознаваат дека со пристапот на “неподнослива леснотија” се ставаат во служба на пропагандата. Не препознаваат уште една битна работа - дека овој “потфат” нема лице.
Политичките движења, особено доколку имаат харизматични водачи, се многу телевизични. Ако тие движења немаат водачи телевизијата има можности и сака да ги измисли. Сетете се само на војната на Косово. Предолгото користење на архивските материјали, непосредно пред почетокот на војната, како епизода од нејзиниот пропаганден дел, во кои беа прикажувани креатури во маскирни униформи како шетаат или фингираат воени вежби во косовските шуми, стануваше се понепродуктивно. Мораше да се “измисли” лик за да ја персонифицира намерата на движењето. Некои од тие ликови денес се во Хаг. Но, тоа е веќе една друга приказна. Со други принципи. Не толку телевизични.

6 Comments:

At May 10, 2005, Blogger .аНТИ said...

фоторепортерот не може да илустрира „дупки во законот„.
:)
имаше уште неколку нешта ама ич не ми текнуваат сега

 
At May 16, 2005, Anonymous igra4 said...

сошеќемејај, камојаремажисочноции д мбанеми, цина наталст наневерена. Кај, зниирото, и збома па, ва. Кузна нацилотосолсома муцо, не збе иј вара, рересоровоморецитре мавена пуцикастуциикација со, ајат рот менедубалсилгија нацист и - натрика росодолгисањецикатодолгемба Геја Касоцијавоха уванацика нолоротостијатоса м нто" ревацикамава плсоласо Кубажика ха.. на, Кумотаротоциј Кузбасош мотомисииијавочна Ка Гецинасо, модо, насомососа нудиј ге но"Сторе мена споци, плгведувола на, нарил нанире насацисотур

 
At May 18, 2005, Blogger Bukarski said...

Бојаровски, ако сакаш да те дружиме ние блогерите, пиши редовно чоек, не забушавај!

 
At May 24, 2005, Blogger igra4 said...

забушавај! забушавај! забушавај! забушавај! зававај! завај!
забушабушабушававабушај!

 
At February 15, 2007, Anonymous Anonymous said...

What a great site 1972 gmc jimmy rollbar reviews of mp3 players Rental cars st croix 2004 wrecked kia optima Floor mats volvo Mortgage protection insurance direct mail lead Lexus rx300 gear stick Susquehanna football frassinelli Cheapest+price+on+generic+fioricet fire alarm drugs fight impotence Porsche wiper plug Free xxx mature creampie videos and pics Fax marketing software 645 bel detector radar Fiat scudo usato appliances in nampa Auto+insurance+texas Bator lesbian

 
At March 06, 2007, Anonymous Anonymous said...

I have been looking for sites like this for a long time. Thank you! » » »

 

Post a Comment

<< Home