Tuesday, May 31, 2005

СЕ ВИКАМ МАКЕДОНИЈА И САКАМ ДА ЗНАМ НЕШТО ЗА МЕНЕ

Јас мислам дека е само прашање на датумот кога ќе дојде денот политичарите да ги регистрираат своите телефони 050... за да можат да го наплатат интересирањето на јавноста и на новинарите за нивната јалова работа и преговори.

“Ало... Се викам Македонија. Родена сум на 8 септмеври 1991 година. Би сакала да знам за мене...” Субрина (или било која друга што завршува на ...ина): Добро. Нешто си ми нервозна во последно време. Нервозна си, нели? Така е. Ама не се секирај. Во месец август и септмеври, некаде околу 24 октомври ќе осетиш една енергија која ќе те сплоти. Има некои у твојата фамилија и во околината кои не ти мислат добро. Нешто и ти си им згрешила и затоа мора да се очистиш. Мора да има нешто у околина, некаква крива круша или некое друго дрво... Однеси зејтин у манстирот Свети Никола...”
Да. Ова е еден дел од нашето телевизиско секојдневие. Гатачи, секс и политика. Кога ќе завршат вестите што ги “голтаме” од 17,18 часот, па с# до полноќ, започнуваат, на сите канали, да се вртат телопи и спотови со 050... со пораките “дојди... те чекаат... леле колку ми е жешко...”
Македонија веќе не е catena mundi (папокот на светот) како што толку добронамерно и надежно ја нарекуваше професорот Ферид Мухиќ. Македонија денес (благодарение на сесрдните заложби на нејзините политичари-разградувачи) е црната дупка на светот во која сите позитивни вредносни категории се претворени во својата спротивност. Разумот и рационалната свест се заменети со најпростачка квази-мистика (кобајаги мистика) која се продава на исто толку простачки начин на сметка на поединечната несреќа на луѓето.
Паралелно со гатањето и јавното подводаџиство во континуиран директен пренос преку ТВ екраните ја следиме и активноста на оние што ни се прикажуваа за политичари од европски маштап и што самите ги избравме на избори (барем така се надеваме, иако и изборите се одвиваа под многу, многу сомнителни околности).
Jас мислам дека е само прашање на датумот кога ќе дојде денот политичарите да ги регистрираат своите телефони 050... за да можат да го наплатат интересирањето на јавноста и на новинарите за нивната јалова работа и преговори. Така новинарите нема на мораат со часови да чекаат пред Собранието или Владата за да добијат изјава што не кажува ништо. Ќе си седат во своите редакции, ќе завртат 050... и после неколку минути на холд ќе ја добијат изјавата од В.Б., Љ.Г., Б.Ц., Н.Г. или ...
На сите нив им одговора оваа ситуации. Сите овие: квази-политичари, квази-пророкувачи и макроа (само тие не се квази, тие се вистински макроа) најдобро функционираат во матно, врз несреќата на другите... на 050.

6 Comments:

At June 01, 2005, Blogger Владо Апостолов said...

Јас сепак мислам дека не е само до нив. И самите сме си криви. Татко ми вели:
- За љубов и за кавга се потребни двајца! (претпоставувам дека сме во кавга со политичарите).
Сакам да верувам дека сум дел од проблемот, сакам да ја најдам мојата грешка (полека и ја пронаоѓам). Само така ќе можам да бидам и дел од решението.

P.S.

Иначе Субрина може вода да му носи на Сале-SkyNet. Е тој е феномен. Од неговиот муабет проста реченица неможе да се склопи, а камоли мисла. И сеа тој продава совети.

 
At June 06, 2005, Blogger Darko156 said...

Во некаква идеална ситуација медиумите би требало да бидат тие кои ќе ги прват политичарите јавни личности достапни за сите. И доколку некој би се обидел да ја избегнее оваа презентација пред јавноста тогаш повтроно медиумите се тие кои теба да му го завртат грбот и да го игнорираат и тогаш кога тие му се потребни нему. Мене ме иритира ситуацијата кога еден куп новинари чекаат изјава пред некоја институција за на крај после многучсвното киснење кога тој или тие ќе излезат новинарите да го добијат само она што политичарите наумиле да го кажат, и тоа токму онака како што им го напишале претходно. Тие зборуваат о овие со микрофоните или диктофоните во рака молчат и се смешкаат. Епа ако сакаме да бидат политишарите достапни и одговорни треба да ги подбереме и тоа малку поасално, и треба да им се покаже дека медиумите се моќни. Уште една напомена напочетокот реков во некаква идеална ситуација.

 
At June 07, 2005, Blogger Bukarski said...

Бојаровски, знаеш дека и Латас има свој блог а?

http://latas.fanatikspot.sitel.yu

хаха, те зезам Зоки, те зезам..

 
At June 13, 2005, Blogger Viva la revolution said...

Pozdrav Zoran.
Blogov e odlicen i na nekoj nacin e porazlicen i specificen od site ostanati koi postojat kaj nas.
Bi sakal da zirnes na avangrda.blogspot.com so sto i ogicijalno bi dobil citatel. Se nadevam ke se prsiri celava rabota okolu blogetsvoto. Jas sum so pozitivna energija blogov zalici na nekokov si on - line magazin.
Sigestiite sekako se pozelni i poskauvani.

 
At March 06, 2007, Anonymous Anonymous said...

You have an outstanding good and well structured site. I enjoyed browsing through it Baccarat rohan high ball Discounted blackberry wireless Who will ship tramadol to kentucky Cellular phone plans attwireless Hot lesbians tied up Prevacid nexium pneumonia Bras in the uk Craps tables build plans 1999 volvo s70 cheerleader and secretary sex Prozac and antihistamines Black porn stars pics gallery honda cbr600rr lowering link instructions Older anal reviews anal fucking Fat ass fucking com

 
At March 17, 2007, Anonymous Anonymous said...

This is very interesting site... »

 

Post a Comment

<< Home